
Готово е, Жоржињо е нов фудбалер на Арсенал!
Италијанецот со бразилско потекло потпиша договор до јуни 2024 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Арсенал ќе му плати на Челси отштета од 12 милиони фунти, при што 10 милиони се основица, а два би било на име бонуси.
„Среќни сме што потпишавме со Жоржињо и му посакуваме добредојде во нашето семејство и во клубот. Тој е фудбалер за врска со интелигенција, силни лидерски вештини и големо премиерлигашко и репрезентативно искуство. Жоржињо има многу освоено во својата кариера, но уште има глад и желба да придонесе“, изјави Микел Артета, менаџерот на Арсенал.
Welcome to The Arsenal, Jorginho 👊 pic.twitter.com/jHXqAUBKKQ
— Arsenal (@Arsenal) January 31, 2023