
Гостиварец славел победа на Ердоган со пиротехника, полицијата го уапси
Вчеравечер (28 мај) околу 22 часот и 15 минути, на собир организиран на градскиот плоштад во Гостивар, Е.У.(36) од Република Турција со времен престој во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со користење на пиротехнички средства.
Тој ќе биде повикан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува адекватен поднесок.

