Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостиварци утре ќе ја испратат хуманитарната помош за Турција
Македонија

Гостиварци утре ќе ја испратат хуманитарната помош за Турција

08/02/2023

AA

Граѓаните на Гостивар и околните населени места спроведуваат хуманитарна акција за прибирање на хуманитарна помош и се солидаризираат со погодените од земјотресот во Турција.

Преку иницијатива на група граѓани од синоќа започна прибирањето на храна, облека, ќебиња, греалки и други работи кои ќе се испраќаат за жителите на погодените подрачја.


Градскиот плоштад денеска е собирно место, а во спортската сала се сортираат и пакуваат.

– Се организиравме самоиницијативно и нашиот повик наиде на голем одзив. Навистина нашиот народ се солидаризира и покажа голема хуманост, вели Јусуф, еден од иницијаторите.


Тој напоменува дека веќе се собрани доволно артикли со конзервирана храна, а повеќе има потреба од ќебиња, јоргани и друг вид постелнина.

Преку денот и попладнево градскиот плоштад е исполнет со граѓани кои носат помош и помагаат во распределувањето на донираните предмети.


Посебна група со волонтери работи цел ден во спортската сала. Енес Менга, директор на салата „Младост“ вели дека од информациите што ги добиваат од Турција, во моментов има најголема потребата од ќебиња и детски пелени, упати апел да не се носат многу стари работи.

– Земјотресот однесе многу животи, затоа ние како граѓани на Македонија, поточно жителите на Гостивар се трудиме да бидеме солидарни со оние кои преживеаа и се во тешка состојба. Започнавме синоќа преку младинска иницијатива и за кратко време нашите очекувања беа надминати, вели Менга.

Тој напомена дека уште синоќа повеќе десетини волонтери почнале да ги сортираат донациите и да ги пакуваат.

Според најавите, прибраните средства до утре изутрина ќе се натоварат на камиони и ќе се испраќаат директно за Турција, поточно во собирен пункт Истанбул.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy