
Гостивар се засили со поранешен фудбалер на Борусија Дортмунд!
Германецот Томас Маиснер има 32 години и игра на стоперската позиција, а во Гостивар доаѓа од Ханза Рошток.
Маиснер, освен за Ханза, во кариерата играше и за Вилем 2, АДО Ден Хаг, Пушкаш Академија, но и вторите тимови на Борусија Дортмунд и Мајнц.
Гостивар се наоѓа на петтата позиција по 18 одиграни кола со 25 освоени бодови.
