Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостивар и во време на тага продолжува со преписки и обвинувања!
Спорт

Гостивар и во време на тага продолжува со преписки и обвинувања!

19/03/2025

AA

Фудбалскиот клуб Гостивар ја продолжи преписката со Тиквеш по меѓусебниот натпревар што се одигра во саботата во Кавадарци.

Неколку часа по тој меч, гостиварци се жалеа на судењето и на однесувањето на кавадаречкиот градоначалник, а во понеделникот изразија сомнеж за можна саботажа затоа што неколку фудбалери и членови на стручниот штаб покажале знаци на труење од објектот каде била екипата во карантин пред дуелот. По одговорот од Тиквеш, клубот од Гостивар продолжи со преписката и покрај тоа што во тек е седумневна жалост поради трагедијата во Кочани.

„Изјавата на Тиквеш ја сметаме за доста интересна. Како прво, ние очекувавме од нив да слушнеме порака ‘нека ви е со помин и посакуваме брзо оздравување’. Поради ова ние не обвинуваме никого по ова прашање, не знаеме кој стои зад овој инцидент. Разгледуваме секакви можности и веќе ги поднесовме потребните барања за истражување.

Второ, многу е интересно што точно го знаат местото и градот на хотелот каде што ние бевме сместени! Да, ако тоа е толку важно, можеме да направиме корекција. Ние бевме сместени во хотелот што се наоѓа на 10-15 км од Кавадарци. Не ни е јасно која е разликата дали хотелот е во Кавадарци или Неготино. Зашто не е во прашање локацијата на хотелот, туку тоа што бевме отруени во хотелот. Болницата каде што ги направивме анализите, заедно со нашите адвокати, веќе поднесе жалба против хотелот. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) исто така е информирана за случајот.

Трето, по кој основ од клубот Тиквеш велат дека немало поплаки пред натпреварот? Нашиот доктор беше запознаен со ситуацијата, а нашиот помошен тренер исто така се жалеше на здравствени проблеми. Можноста за саботажа се појави откако ги добивме резултатите од болничките анализи.

Четврто, ве молиме да не зборувате за месецот Рамазан и за нашите фудбалери кои постат. Покажeте почит. На која основа и врз кого клубот Тиквеш ги дава овие информации? Ако зборуваме врз основа на шпекулации, и ние би можеле да кажеме многу работи. Но, ние во моментов зборуваме врз основа на болнички извештаи“, пишува во новата реакција на Гостивар.

Тиквеш славеше на спорниот натпревар со 2-1, а гостиварци по поразот заостанаа шест бода во однос на лидерот Шкендија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy