Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостивар го запечати пласманот во Прва лига, Вардар и официјално ќе игра – бараж!
Спорт

Гостивар го запечати пласманот во Прва лига, Вардар и официјално ќе игра – бараж!

09/05/2023

AA

Гостивар е нов прволигаш откако денеска очекувано со убедлива победа ѝ се придружија на Воска Спорт како двата директни патници во домашната елита за новата сезона од август, после триумфот против најслабиот второлигаш Борец со 4-0, а најтрофејниот македонски клуб Вардар го завери баражот со ремито 1-1 денеска со македонското „ел класико“ против Пелистер во Маџари.

Гостиварци кои дојдоа до 22-та победа и сезонава се единствените непоразени на едно коло пред крајот на сезоната, ниту административно загубените три бода од „случајот Гордијан Христовски“ на стартот на овој втор дел од сезоната не ги спречи да дојдат до место во Првата лига.

Денеска прашање беше само со колку разлика ќе победат, а Борец добро е што си заминува со само четири парчиња во мрежата, откако Антонио Каланоски даде два, а по еден Виктор Крстевски и Фисник Зука. Каланоски имаше шанси да ги наполни, трипати погоди пречка, имаше чисти зицери за контото на голови да го зголеми.

Вардар го освои последниот бод за математички да го осигура баражот во кој најверојатно ќе игра против Скопје, откако на Маџари, двата најголеми македонски брендови одограа возбудлив меч на тешкиот терен поради дождот, но успеаа да дадат само по еден гол, за битолчани недоволен, додека за црвено-црните завршен за заверка на третото место.

Дарио Десниќ после половина час игра со прекрасна мала мајсторија погоди за водство, но седум минути во вториот дел Христијан Вецевски направи пенал врз Бојан Спиркоски, па Борче Маневски реализираше за израмнување. Пелистер имаше голем зицер после еден час игра, но битолчани ја прокоцкаа најзрелата шанса за пресврт, а потоа Дарко Размоски се реваншираше со промашена одлична можност за победа на Вардар десетина минути пред крајот.

Пелистер фрли сѐ на една карта да дојде до победа и да ги остави надежите за баражот сѐ уште живи, но не успеа да ја скрши цврстата дефанзива на црвено-црните и со тоа останува второлигаш втора сезона по ред.

За идната сезона во Првата лига неизвесно е само последниот патник, тој од баражот, додека 11-те други прволигаши се познати – Струга ТЛ, Шкупи, Шкендија, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Работнички, Тиквеш, Воска Спорт и Гостивар. Останува само Академија Пандев која е поблизу до сигурен опстанок и математички тоа да го верификува, а потоа Скопје и Вардар да го дадат последниот прволигаш за идната сезона.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy