
Гостивар донесе африкански засилувања – од Бурунди од Брегот на Слоновата коска
Гостиварци се пофалија прво дека го ангажирале Јаник Нукурунзиа, фудбалер кој игра на поциција централен и дефанзивен фудбалер за врска, кој има 21 година и доаѓа од младинскиот погон на турска Анталијаспор.

Второто засилување на гостиварци е од Брегот на Слоновата Коска, Гоба Закпа, 31-годишен крилен фудбалер, кој може да игра на двете странични позиции, а до летово бил дел од азербејџански Сабаил, а претходно играл и за кипарски етникос Ахна, додека најголем дел од кариерата ја минал во Португалија, како член на Рио Аве, Санта Марија, Жил Висенте, Фелгуераш…

