Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОСТИТЕ ОСТАВААТ КОМЕНТАРИ ЗА ХОТЕЛИТЕ И АПАРТМАНИТЕ КОИ ГИ ПОСЕТИЛЕ: Сопствениците  ги читаат и еве што велат…
Економија

ГОСТИТЕ ОСТАВААТ КОМЕНТАРИ ЗА ХОТЕЛИТЕ И АПАРТМАНИТЕ КОИ ГИ ПОСЕТИЛЕ: Сопствениците ги читаат и еве што велат…

23/08/2024

AA

Оние кои
добиваат резервации од туристи преку booking,
велат дека ги читаат мислењата на
посетителите и за нив е важно да имаат добри препораки.

Туристите на booking
oставаат коментари за хотелите,
вилите и апартманите во кои престојувале. Ја оценуваат хигиената, услугата,
љубезноста на персоналот, дали сместувањето вреди за парите, локацијата на
сместувачките капацитети, паркинг просторот, опкружувањето, храната и слично. Гостите на
англиски или на својот мајчин јазик го опишуваат престојот во хотелите. Некои
оставаат само скромен коментар, но има и такви кои описно објаснуваат какво
искуство имале со конкретен сместувачки капацитет. Има пофалби и критики и
истите влијаат за тоа дали некој следен гостин ќе одлучи да се смести во
одреден хотел. Некои од посетителите наведуваат по една позитивна и една
негативна работа која им оставила впечаток.  Од хотелите велат дека мораат да учат нови
работи, да бидат во чекор со времето и да се прилагодуваат на потребите на
гостите.

„Ние ги читаме
коментарите. Тие се добри, луѓето се задоволни. Имаме туристи од САД, Кина,
Бугарија, од секаде и мораме да се прилагодуваме“, велат од хотел во Струга.

Истото го прават
и газдите на сместувачки капацитети во другите туристички места.

„Јас лично ги
читам коментарите. Луѓето се генерално искрени. Реагираа за тротоарот, ама сега
е среден, направен. Битно е да имаме пофалби, имаме оценка 8.4 збирна. Ни
дојдоа гости од Србија, оставија добри коментари, и потоа дојдоа други туристи
исто од Србија и кажаа дека ги читале коментарите“, вели Томче Златановски од
вила „Ангел“ од Охрид.

На сите им е
важно да имаат што подобри оценки и да бидат добро рангирани.

„Ги читаме
мислењата на посетителите. Секако дека гледаме да коригираме ако за нешто има
поплаки. Не може на секој да му се погоди, некои пишуваат позитивно, повеќето
се задоволни, најбитно е да им е чисто. Во ек на сезона не може да се реновира,
за тоа ќе почекаме малку. Преку booking повеќе имаме странци, а помалку домашни гости“, додаваат од апартмани од
Крушево.

На туристите им е
важна хигиената, но и локацијата каде се наоѓа објектот.

„Јас лично си ги
читам коментарите. Ако нешто можам да сменам и зависи од мене, го правам тоа.
Хигиената им е битна на посетителите, но и локацијата и сите оценки поединечно
ги гледаат на booking“, објаснуваат
од вила „Ирена“ од Крушево.

Од коментарите
може да се види дека туристите го фалат и персоналот ако е љубезен и
пријателски расположен, сакаат места каде плажата ќе им биде близу, но да нема
многу врева, да има добра интернет конекција и слично.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета

22/02/2026
Македонија

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026
Македонија

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026
Македонија

Жена физички нападната од својот партнер во Градски парк

22/02/2026
Македонија

Жичницата на Водно нема да продолжи да работи поради силниот

22/02/2026
Македонија

МВР за пожарот во Струмица: Две возила опожарени – се

22/02/2026
Македонија

ИЗГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА ВО СТРУМИЦА Неофицијално едното му припаѓало на

22/02/2026
Македонија

Пожар избувна во куќа во Битола

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41779
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен 23-годишник од Скопје – повредил малолетник со метална монета на натпревар

22/02/2026

На 21.02.2026 година во 19:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје. Тој на

Тепачка во Затвор Скопје

22/02/2026

На 21.02.2026 околу 18:04 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје е пријавено дека во установата Ш.М. физички го

ПОЧИНА СТРУЖАНКА ОТКАКО ВО НЕА УДРИ КАМИОН Возачот е приведен

22/02/2026

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница откако во неа удрил камион „ивеко“. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy