
Гостин физички нападнал вработени во угостителски објект во Карпош
Денеска (24.12.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Д. пријавил дека на 23.12.2024 околу 23.30 часот на работното место во угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, тој и неговиот колега Т.Ц. биле физички нападнати од едно лице – гостин во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

