
Госенс го искритикува својот тренер: Неприфатливо е тоа што го направи Бјелица!
Тренерот на Унион Берлин, Бјелица е во центарот на вниманието откако физички го нападна Сане. Тој доби црвен картон, три меча суспензија и парична казна, но и многу критики од јавноста.
Критиките доаѓаа од сите страни, дури и од сопствените играчи.
„Тренерите и фудбалерите треба да претставуваат пример за другите. Емоциите се во ред, но кога работите ќе станат физички, тоа е неприфатливо“, рече Госенс.