Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ – Бензин ќе се точи поевтино од претходно
Економија

ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ – Бензин ќе се точи поевтино од претходно

19/06/2023

AA

Горивата по полноќ ќе имаат нови цени. Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги намалува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто во
однос на претходната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со
претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,464 отсто, кај
дизелот има зголемување за 1,323 проценти, кај екстра лесното масло исто така се
регистрира зголемување за 0,415 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,623 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа
формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,819 проценти – соопштуваат од РКЕ.

Со последната одлука,малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР
БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за
домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за
0,503 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,029 денари за килограм.

Од 20.6.2023 година од 00:01
часот максималните цени на  нафтените
деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95                      80,50 (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР
БС – 98                    
82,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                     70,50 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                  68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 41,029 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на
нафтените деривати кои ќе важат по полноќ, однсоно од 20.6.2023 година. Трговците на големо и
трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги
формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од
највисоките утврдени цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шуга во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – заразени двајца професионални војници

08/02/2026
Македонија

ПРИЗНАЛ ДЕКА ЌАРИЛ 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ Лажен лекар

08/02/2026
Македонија

Приведен струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки, кај

08/02/2026
Македонија

ЈАНКУЛОСКА И ОСУДЕНИТЕ ЗА МЕРЦЕДЕСОТ БЕА ЗЕМЕНИ ЗА ВРАТ Не

08/02/2026
Македонија

Следната недела заладување со повремени врнежи од дожд и снег

08/02/2026
Македонија

Околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро

08/02/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА 11.000 вработени ќе добијат покачување од

08/02/2026
Македонија

Марш на Независниот синдикат на полицијата во Битола: Апел за

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41196
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шуга во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – заразени двајца професионални војници

08/02/2026

Двајца професионални војници од велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ се потврдени како заразени со шуга, соопштија од Министерството за одбрана и

ПРИЗНАЛ ДЕКА ЌАРИЛ 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ Лажен лекар во Струмица се јавувал за

08/02/2026

Лишен од слобода бил 38-годишен жител на Струмица, осомничен за серија измами изведени преку телефонски повици со лажно претставување како

Приведен струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра

08/02/2026

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy