
Гори Вардариште! Превентивно исклучена струјата во делови од Аеродром
РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.
Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари.
Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија.

