
ГОРИ И НА ХАЛКИДИКИ – ПОЖАР ВО СИТОНИЈА И НИКИТИ: Цела Грција во пламен
Пожар во тревна површина избувнал нешто пред 11 часот на грчкиот полуостров Ситонија на Халкидики.
Според грчката Прототема, пожарот избувнал меѓу Метаморфоси и Никити.
На терен се 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица.
Во оваа област бил испратен хеликоптер.
Во моментов не се загрозени станбени области.

