
Гордост на Македонија: Дејан Георгиевски е повторно златно момче!
Олимпискиот вицепрвак, македонскиот натпреварувач во Таеквондо категорија, Дејан Георгиевски, освои златен медал на отвореното првенство во Тирана.
Георгиевски беше стандардно добар во својата конкуренција (87+), па си ги „редеше“ противниците.
Во финалето си закажа дуел против францускиот натпреварувач Ел Омари, кој го доби со 2:1 и освои ново злато.
„Силен чекор напред кон нова блескава историја за македонскиот спорт, ЛОИ во Париз 2024“, стои во објавата на Теквондо федерацијата на Македонија.
