
Горан Пандев доби награда за животно дело од Општина Струмица
Легендата на македонскиот и европскиот фудбал, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, доби награда за животно дело од Општина Струмица за особен придонес во областа на спортот, којашто се доделува по повод Денот на заштитниците на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Покрај Пандев, награда добија и ФК „Тиверија“, Ѓорѓи Хаџи-Котаров, Благој Ѓузелов, Зоран Рујак, Млекара „Јока“, Данче Даскаковска и Фондација „Елеуса“.
„Колку е убаво чувството да се има самосвест за своите духовни корени и истите да ги негуваш на најубав можен начин. Колку е прекрасно сознанието дека Тимотеј, Комасиј, Евсевиј, Теодор, Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор, Василиј, Тома, Еротеј, Данаил, Харитон и Сократ, по којзнае кој пат, повторно не собрале на исто место, за да им се поклониме во знак на благодарност за бесценетиот дар што ни го оставиле во аманет, пред 1662 години“, порача градоначалникот Костадин Костадинов.
