
ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град
Шефот на делегацијата на Европската Унија(ЕУ) во Албанија, Силвио Гонзато вели дека процесот на европска интеграција се заснова на заслуги.
Додаде дека Албанија дојде до точка каде што земјите-членки се задоволни од напредокот на земјата. Рече дека Тирана станува регионален главен град. Според него, Тирана го зазема местото на Белград, а албанскиот премиер Еди Рама е човек со визија.
„Ако Северна Македонија ги исполни условите, ќе започне преговори“, вели тој.
Вчера беше соопштено дека Албанија ги почнува преговорите, а Македонија ќе почека. Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот.
Според бугарските новинари и аналитичари, има и друга причина што ја испровоцирала ЕУ.