
Голман доби црвен картон, па се сокри под церада за да го догледа финалето (ВИДЕО)
Домаќинот дом трофејот дојде дури откако Џулијан Кинонес, Ричард Санчез и Џонатан Родригез постигнаа три гола во продолжението, со оглед што во регуларните 90 минути мрежите мируваа на двете страни. Овој меч, сепак, привлече светско внимание поради потезите на голманот на Тигрес.
Станува збор за Нахуел Гузман, кој во 93. минута го доби првиот жолт картон, а само три минути подоцна излета од гол-линијата и го собори противничкиот напаѓач Кинонес речиси на центарот. Судијата мораше да му даде втор жолт, односно автоматски црвен картон на Гузман, по што чуварот на мрежата на гостите се упати кон соблекувалната, како што налагаа фудбалските правила. Но, тој не заврши таму.
Камерите го фатија како ползи зад рекламата и се покрива со церада за да го види крајот на драматичната средба. За негова несреќа, во следните 20 минути виде како неговата замена, Фелипе Родригез, прими уште два гола. Тој е 37-годишен аргентински голман, кој за време на својата долга кариера играше само за три клуба – Њуелс Олд Бојс, Индепендиенте и Тигрес. Има шест настапи за аргентинската репрезентација.
