
ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЛЕБОТ: Евростат ја рангираше Македонија на трето место во Европа
Македонските граѓани јадат многу поскап леб за разлика од пред пет години. Eвростат регистрира дека има големо поскапување на цената на лебот во земјава.
Тоа е третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години. Евростат објави дека лебот во Македонија поскапил за 65 отсто.
Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто.
Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.
Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто.
foto freepik.com
