
ГОЛЕМИОТ ЅВЕР – ЕВЕ ГО НАСЛИКАН УБИЕЦОТ:Еве што напиша Секирарски од УХМР, за невремето во Хрватска и Србија
Невремето што вчера ја зафати Хрватска и Србија, беше мотив за анализа за метеоролозите.
По тој повод,еве што напиша метеорологот Борис Секирарски од УХМР.
“Градот Ваљево вчера беше поклопен со огромен облачен систем кој всушност е само еден единствен облак.
Завртен во една самољубива и опасна игра, овој ѕвер прво уби во Загреб, а потоа премина во Србија, па во Бугарија.
А инаку облаците се само згусната водена пара, налик на онаа која ја гледаме над тенџерето со зовриена вода.
Со жал за двете загинати лица, еве го насликан убиецот”,напиша тој на Фејсбук.


