
Големиот Клаудио Раниери ја заврши кариерата!
Иако имаше уште една година од договорот со Каљари, Раниери реши сега да биде крај. Тој го напушта клубот, но и фудбалот.
Во четврток Каљари ја пречекува Фиорентина во меч од последното коло во Серија А, тоа ќе биде натпреварот за збогување на Раниери.
Клаудио Раниери ќе биде запаметен по најголемата сензација која ја направи во историјата од Премиерлигата кога со Лестер стана шампион.
