Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМИОТ ГРЕГ БЕКЕР ОД ИНДИЈА ДО КАЛИФОРНИЈА: Директорот на SVB профитираше 3,6 милиони пред колапсот на банката
Економија

ГОЛЕМИОТ ГРЕГ БЕКЕР ОД ИНДИЈА ДО КАЛИФОРНИЈА: Директорот на SVB профитираше 3,6 милиони пред колапсот на банката

19/03/2023

AA

SVB банкротираше минатиот петок, само 24 часа откако
нејзиниот извршен директор лично им кажа на клиентите дека нивните пари се
безбедни во банката. Откако банката била ликвидирана, првиот човек на оваа
финансиска институција Грег Бекер испратил видео порака до вработените во која
признал дека „неверојатно тешките“ 48 часа довеле до колапс на банката.

Во јануари Бекер испрати оптимистички пораки до
инвеститорите и клиентите, посочувајќи дека економските изгледи се подобруваат
по 2022 година. Сега, според медиумите, излегува дека и тогаш можел да го
почувствува колапсот. Случајно или намерно, но на крајот на јануари доставил
план кој му овозможил да ги продаде своите акции во SVB. Според Блумберг, тоа
го направил две недели пред банкротот кога ги продал своите 12.451 акции во
компанијата за 3,6 милиони долари.

Според „Ројтерс“, планот за продажба на акциите го доставил
со неколку негови колеги, кои имале менаџерски места. Незадоволните функционери освен што се лути затоа
што, како што пренесува „Јутарњи лист“, “капетан на брод што тоне“, сметаат дека тој е одговорен за целосниот колапс. Поранешните
вработени во банката сметаат дека газдите придонеле за пропаѓање на банката,
бидејќи јавно објавиле дека банката е во големи проблеми, што ќе се обидат да
го поправат со привлекување нови инвестиции – што предизвика цунами од
повлекувања што ја затрупа банката.

Кој е Грег Бекер?

Како што пишува „Ројтерс“, првиот човек на пропаднатата
„Silicon Valley Bank“, Грег Бекер, работел во оваа компанија три децении, а
кариерата ја започнал како службеник за заеми. Бекер, дојде дојде од родната Индијана преку
Детроит во Калифорнија и успеа во корпоративната скала, блескајќи во тешката
2008 година. Во екот на финансиската криза тој стана директор на банката, а три
години подоцна и извршен директор.

Веб-страницата на банката во Силиконската долина вели дека
Бекер дипломирал на Универзитетот во Индијана со диплома по економија. Оттаму,
тој работеше во банка која ги опслужуваше, како што рече, „традиционалните
компании“. Во подкастот „Блумберг“ во 2021 година, тој изјави дека со својот
менаџер се преселил да работи во банка во Силиконската долина.

Пред да стане претседател и извршен директор на SVB
Financial Group, Бекер беше ко-основач на SVB Capital, инвестициската група на
компанијата. Тој, исто така, претседаваше со лидерската група на Силиконската
долина од 2014 до 2017 година и беше член на Советодавниот одбор за дигитална
економија на Министерството за трговија на САД од 2016 до 2017 година.

ФОТО: YouTube/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy