Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Големи поплави во Кина: Над 60.000 луѓе евакуирани во провинцијата Гуандонг
Македонија

Големи поплави во Кина: Над 60.000 луѓе евакуирани во провинцијата Гуандонг

22/04/2024

AA

Кинеската провинција Гуангдонг е погодена од огромни поплави, поради што повеќе од 60.000 луѓе беа евакуирани. Како што јавува Би-Би-Си, поплавите се предизвикани од обилните врнежи, бидејќи дождот со денови не престанува да паѓа.

Тоа е најнаселената провинција во Кина, а според локалните власти најмалку 11 лица се водат како исчезнати поради невремето. Државните медиуми објавија снимка на која се гледаат големи површини под вода, додека спасувачките тимови превезуваат луѓе на чамци. Нивото на водата е до половината. Надлежните тврдат дека внимателно ја следат ситуацијата бидејќи неколку големи реки се излеале од коритата.

Метеоролозите изјавија дека северниот дел на провинцијата Гуангдонг е загрозен од поплави кои се случуваат еднаш на сто години. Врвот на поплавниот бран се очекува денеска, по што се очекува постепено смирување на состојбата. Најголемиот дел од оваа кинеска провинција се наоѓа на мала надморска височина.

Голема површина е окупирана од делтата на реката Перл, која е подложна на поплави поради честото подигање на нивото на морето и бранови на бури. Делтата на оваа река се смета за една од најплодните области во Кина. Во целата провинција Гуангдонг живеат околу 127 милиони луѓе.

Околу 1,16 милиони луѓе останаа без струја поради поплавите, а беа погодени и неколку градови. Во текот на изминатиот викенд состојбата со струјата беше средена. Сепак, поради обилните врнежи, повеќе од десетина летови на меѓународните аеродроми беа откажани, додека училиштата беа затворени во најмалку три града.

Се проценува дека стотици куќи се оштетени или целосно уништени. Властите ја процениле директната економска загуба на околу 140 милиони јуани (околу 20 милиони долари). На социјалните мрежи беа објавени видеа од поројот кој уништува мостови, патишта и куќи.

– Моето семејство мораше да го премести целиот мебел од приземјето на првиот кат од куќата. Се надевам дека нема да биде ниту поплавено – изјавил еден од корисниците на социјалната мрежа Waibo.

Метеоролозите предупредија дека врнежите во провинцијата Гуангдонг и крајбрежните области се очекува да престанат во вторник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy