Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ПОТРАГА ПО СЕЗОНЦИ ВО ЕВРОПА ВО ПОЛН ЕК – Хрватска, Австрија и Германија копнеат за странски работници
Економија

ГОЛЕМА ПОТРАГА ПО СЕЗОНЦИ ВО ЕВРОПА ВО ПОЛН ЕК – Хрватска, Австрија и Германија копнеат за странски работници

14/02/2023

AA

Туризмот се враќа во сите земји во Европа без ограничувања, а сите имаат проблем како да ги пополнат сезонските работни места. Освен во Хрватска, странски работници бараат и Австрија и Германија. Дека потрагата по сезонски работници е во полн ек покажува рекордниот број на огласи за вработување и големиот број прегледи на она што се нуди на мрежата.

Имено, според проценките на туристичкиот сектор, годинава ќе се бараат 10 до 15 отсто повеќе вработени од лани, потрагата по нив никогаш не била потешка со оглед на тоа дека туризмот се враќа во сите земји без ограничувања, а сите се во проблем како да се пополнат сезонските работни места.

Сезонските сајтови за работа годинава покажаа дека заинтересираните може да аплицираат на повеќе од 200 огласи за вработување, со што забележаа повеќе од 200.000 посети и повеќе од 1.200.000 прегледи на страници, како и повеќе од 7.200 апликации за огласени позиции.

Воедно, најбарани сезонски работници се продавачите, келнерите, готвачите, магационерите и собарите и собариците, а тоа се и огласите со најмногу апликации од работодавците, пишува Нови лист.

Очекувано, најголем дел од огласените вработувања на саемот беа за сезонска работа, но во значителен број огласи работодавачите понудија можност и за засновање на постојан работен однос по завршувањето на летната туристичка сезона.

– Покрај вработените од Хрватска, саемот уште еднаш предизвика голем интерес кај работниците од регионот и како и изминатите години евидентиран е голем број пријави за огласени позиции од кандидати од соседните земји. Најголем интерес за пронаоѓање сезонска работа во Хрватска годинава изразија и вработените од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, соопшти организаторот на овој онлајн саем за вработување.

Не само Хрватска има голем недостиг од сезонска работна сила. Германија годинава бара околу 50.000 странски работници, Австрија околу 40.000… Сигурно е дека овие земји се голема конкуренција во привлекување работници, што покажува и податокот дека регионалниот базен на работна сила, а тоа е оттука, регионот кој ги опфаќа Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, веќе практично е испразнет и сè потешко е да се најдат работници од овие земји.

На Виена и требаат 55.000 работници

Само на виенските компании ќе им требаат 55.000 квалификувани работници во следните три до пет години. Резултатот од анализата на потребниот образовен кадар покажа дека побарувачката го опфаќа целиот образовен кадар: од занаетчии, преку високи училишта, до технички и други факултети.

Истражувачкиот институт Макам Рисрч испитал 925 виенски компании, кои вработуваат 80.000 луѓе. Речиси една петтина од бараните квалификувани работници се поврзани со – занает.

Истовремено, на почетокот на новата година виенските компании вработиле 20 отсто повеќе практиканти во однос на претходната година. Побарувачката за дипломирани студенти на техничките факултети и универзитети, како и на универзитетите, останува висока.

– Потрагата по квалификувани работници е еден од најголемите предизвици за стопанството. Побарувачката е зголемена уште повеќе. Главната цел е да се преземат мерки кои брзо и долгорочно ќе го решат недостигот од квалификувана работна сила – изјави Валтер Рук, претседател на Стопанската комора на Виена.

(Нови листа, Макам Рисрч)

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy