Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони и специјалци ја блокираше фабриката

06/02/2026

AA

Големата полициска акција поврзана со петте тони марихуана запленети минатата недела во Србија и натаму е во тек, а фокусот на истрагата е насочен кон мрежа на компании и објекти во Скопје и Струмица, кои, според сомнежите, се поврзани со нелегалниот извоз на дрогата од македонска територија.

Попладнево, под силно полициско обезбедување, десетина комби-возила, пет до шест камиони и повеќе полициски возила влегоа во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што од синоќа се спроведуваат интензивни претреси. Пристапот до локацијата е целосно оневозможен, а просторот е затворен за јавноста.

Како што дознаваме, предмет на претрес е фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на ОХИС, која е поврзана со случајот со запленетата марихуана во Србија. Во рамки на акцијата бил уапсен еден од нејзините ко-сопственици, додека друг, според неофицијални информации, се наоѓа во бегство. Еден од сопствениците, пак, бил приведен уште во рамки на полициската акција во Србија.

Фирмата „Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценца за одгледување канабис за медицински цели добила во март 2024 година. Под лупа на истражните органи се и други правни субјекти кои поседуваат дозволи за одгледување медицински канабис.

Паралелно со акцијата во Скопје, се вршат претреси и на повеќе локации во Струмица и Струмичко. Акцијата е координирана од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

Српската полиција минатата недела заплени околу пет тони марихуана во близина на Крушевац, а српските медиуми објавија дека дрогата потекнува од Македонија. По ова, македонското Јавно обвинителство во понеделникот информираше дека е оформен предмет и дека се преземаат дејствија за утврдување на сите факти и околности за евентуалната поврзаност на македонски државјани и компании со овој случај.

Институциите засега не излегуваат со официјални детали, но обемот на акцијата и ангажираноста на повеќе служби укажуваат на сериозен и координиран удар врз мрежата на т.н. легални производители на канабис.

Плусинфо вчера објави дека, и покрај институционалниот молк околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, истрагата се води тивко и координирано, со фокус на мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис во Македонија.

Според информации до кои дојде Плусинфо, станува збор за затворена операција во која се вклучени повеќе институции, а целта е директен удар врз структури кои, наводно, со години ја злоупотребувале дозволената дејност за нелегален извоз и профитирање.

Како што дознавме, уште од четврток навечер објект во поранешниот комплекс ОХИС во Скопје бил целосно запоседнат од надлежните служби, додека паралелно се вршеле претреси и на повеќе локации во Струмица и Струмичко.

Отсуството на официјални потврди или деманти, според нашите извори, укажува дека институциите овојпат решиле да не дозволат протекување информации и политички калкулации, туку истрагата да ја доведат до крај.

СТРУМИЧКО САРДИСАНО ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА Акција и во поранешниот комплекс ОХИС

.

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА ВО ОХИС Полицијата со камиони

06/02/2026
Македонија

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на

06/02/2026
Македонија

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од

05/02/2026
Македонија

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не

05/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА СЕ ВОДИ, ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ СÈ Мицкоски најави разрешница

05/02/2026
Македонија

Нова измама, овој пат СМС од Телеграм – не кликајте

05/02/2026
Македонија

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ ГАРАНЦИИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА Премиерот со јасна

05/02/2026
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41100
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Претпладне ќе врне на запад, попладне и на исток

06/02/2026

Метеоролозите најавуваат променливо облачно време утре, со врнежи од дожд во повеќе делови од земјата. Претпладне дожд се очекува во

📽️ НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАПЛЕНЕТИ СЕ РЕКОРДНИ 27 ТОНИ МАРИХУАНА Детали од големата акција во Скопје и

05/02/2026

Голема полициска акција за заплена на марихуана денеска се спроведува во Скопје и во струмичкиот регион, при што, според неофицијални

Димитриевски: Задоволен сум од платата, ама јас од плата не живеам!

05/02/2026

Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски го изнесе својот став во однос на најавените намалувања на функционерските

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy