Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голема полициска акција во охридско-струшкиот регион, 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје
Македонија

Голема полициска акција во охридско-струшкиот регион, 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје

08/03/2025

AA

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција официјално ја нема примено одлуката на Апелациониот суд Скопје кој според информациите, во текот на вчерашниот ден решавајќи по жалба на мерка притвор на првообвинет во предмет на ова обвинителство донел Решение со кое истиот е пуштен на слобода со понудената гаранција и му се определени мерки на претпазливост.

Иако обвинителството не ги коментира судските одлуки, особено на Апелациониот суд на кои нема право на жалба, истакнува дека во конкретниот случај мислењето на надлежниот јавен обвинител континуирано беше негативно по однос на замена на мерката притвор.

Имено, обвинетиот кој организатор на повеќечлена криминална група од охридско – струшкиот регион која подолг временски период се занимавала со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје, за време на акцијата што беше спроведена во ноември 2023 година успеа да избега и по него беше распишана национална и меѓународна потерница.

Истиот подоцна е фатен на аеродромот во Тирана и е екстрадиран по што истражната постапката за него продолжи, а тој се наоѓаше во притвор кој во неколку наврати е продолжуван од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје и покрај понудените гараанции за замена на притворот со поблага мерка. Во меѓувреме, додека се очекуваше во понеделник Кривичниот совет да ја продолжи мерката притвор, Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалба за претходното продолжување ја прифатил гаранцијата и го пуштил на слобода без притоа да ги земе предвид околностите дека обвинетиот е првообвинет во предметот, дека истиот беше во бегство и е екстрадиран од друга држава со купена карта во еден правец и дека предметот е во судска постапка која е скоро пред завршни зборови.

Обвинителството, кое во овој случај секогаш укажуваше на погоренаведените околности и врз основа на истите даваше негативно мислење за сите обвинети, почитувајќи го слободното судско убедување не реагираше кога во овој предмет обвинет кој е на маргините на хиерархија беше ослободен со гаранција.

Останатите обвинети за кои сѐ уште се води судска постапка, како и оние кои признаа вина и имаат пресуди, до правосилноста на пресудите им е определена мерка притвор продолжувана и потврдувана од страна на Апелациониот суд – Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy