
Голема полициска акција вечерва во Скопје, уапсени неколку лица со дрога
На раскрсницата кај Тојота кај Момин поток попладнево вистински сцени од филм. Во голема полициска акција уапсени се неколку лица, потврдуваат за ТВ21 од МВР.
Граѓани до нашата редакција пишуваа дека виделе соецијални единици, неколку запрени автомобили и лица кои лежат на земја со лисици.
МВР за утре најавува повеќе детали.
Нејасно е во моментов колку лица се уапсени, од каде потекуваат тие и со каква заплена на дрога се фатени.

