
Голема победа на Штутгарт за надеж за опстанок (ВИДЕО)
После долг пост „швабите“ стигнаа до многу важен и значаен триумф, кој многу ќе влијае и спихолошки во завршните седум меча од сезоната, ша Штутгарт сега има 23 бода, Бохум е прв над нив со 26, колку што има и Хофенхајм, додека Херта и Шалке се најслаби со по 22 бода.
Ито по 14 минути ја најави победата, а откако Бохум израмни во 57-та, клуч за триумфот на „швабите“ беше тримиутниот близ после еден час игра. Гираси и Вагноман дадоа по еден гол во 60-та и 63-та минута за да ја обезбедат победата, а до крајот Хофман пет минути пред завршување на мечот погоди за да ја намали предноста, но Бохум немаше сила да се извлече за барем бод.

