
Голема новогодишна забава на плоштад „Македонија“: Пристигнува Дедо Мраз!
Град Скопје и Државна лотарија викендов организираат голема „Новогодишна зимска бајка“ наменета за најмладите.
Настанот ќе се одржи утре, 27 декември (сабота), на централниот плоштад „Македонија“ со почеток во 12:00 часот.
Програмата ветува незаборавно празнично доживување исполнето со музика и забава:
Најисчекуваниот момент за децата ќе биде доаѓањето на омилениот празничен лик – Дедо Мраз. На сцената ќе настапат децата од популарниот фестивал „Поточиња“, а за танцувачката атмосфера ќе се погрижат од „Данса Латина“. Најмладите ќе имаат можност да се дружат со своите омилени ликови од цртаните филмови.
Организаторите најавуваат новогодишни пакетчиња и награди за децата.
Оваа манифестација е дел од празничната програма на главниот град, со цел да се внесе дополнителна магија и радост во пресрет на Новата година. Се покануваат сите граѓани да се приклучат на оваа зимска бајка на отворено.
