Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голема истрага за педофилија во црквата во Португалија: Најмалку 4.815 малолетни жртви
Македонија

Голема истрага за педофилија во црквата во Португалија: Најмалку 4.815 малолетни жртви

13/02/2023

AA

ОД 1950 година, најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуално насилство во португалската католичка црква, се вели во извештајот на независната комисија која испитала повеќе од 500 сведоци во текот на едногодишната истрага.

„Тие сведоштва ни овозможија да дојдеме до многу поголем број жртви, пресметавме дека има најмалку 4.815“, рече координаторот на комисијата и детски психијатар Педро Стрехт при претставувањето на конечниот извештај во Лисабон.

Комисијата појасни дека не се работи за кривична истрага бидејќи во најголем дел е истечена застареноста, но дека кривичните дела за кои се уште не е истечена застареноста се проследени до судството. Ги има вкупно 25.

На крајот на 2021 година, врвот на португалската црква му наложи на Strecht да собере тим од експерти и да го истражи феноменот на педофилија во црковните редови. Претседателот на Португалската епископска конференција и епископот на Леирија-Фатима, Хозе Орнелас, ќе се огласи попладнево.

Португалските бискупи треба да се соберат на почетокот на март за да извлечат заклучоци од независниот извештај и да го „искоренат ова зло од Црквата“, изјави во јануари генералниот секретар на епископската конференција, отец Мануел Барбоса.

Во април 2022 година, кардиналот и патријарх на Лисабон Мануел Клементе ја изрази својата подготвеност да ги „признае грешките од минатото“ и „да побара прошка“ од жртвите. Пред Португалија, скандалите со педофилија во Католичката црква потресоа многу земји, од САД, Ирска, Германија и Франција до Австралија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy