Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ОД ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА НАЈАВУВА „МАКСТИЛ“ – еве во што ќе вложува челичарскиот гигант
Економија

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ОД ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА НАЈАВУВА „МАКСТИЛ“ – еве во што ќе вложува челичарскиот гигант

15/03/2024

AA

Огромна инвестиција од близу осум милиони евра најавува челичарскиот гигант во земјава, „Макстил“.

Ќе се купуваат опрема и машини потребни за поефикасно и поквалитетно производство, но и ќе се инвестира во прпоекти за побезбедно работење, како и во подобри услови за работа. Засега не се обзнануваат повеќе детали за планиртаната инвестиција, а сите проекти што се планирани, ќе треба да добијат уште едно дополнително одобрување од Бордот на директори на компанијата.

„На седницата на Одборот на директори на ‚Макстил’ одржана на седми март годинава, одлучено е да се одобри план за набавка на основни средства и нови инвестициски проекти, чија реализација ќе почне во 2024 година, со планиран вкупен буџет од 7.642.806 евра. Финалната вредност на набавените основни средства и инвестициски проекти ќе бидат презентирани во ревидираните финансиски извештаи на друштвото, што ќе бидат реализирани во следните известувачки периоди.

Од „Макстил“ ја информираат инвеститорската јавност преку Берзата дека новите инвестиции во основни средства и инвестициски проекти надминуваат 10 отсто од капиталот на друштвото, определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи и имаат за цел унапредување на ефикасноста на производствените процеси во компанијата, обезбедување на безбедна работна средина и заштита на здравјето на вработените, подобрување на условите за работа и подобрување на квалитетот на производите.

„Почнувањето со реализација на секој од планираните проекти утврдени во оваа одлука ќе биде предмет на дополнително одобрување од страна на Одборот на директори“, се вели во ценовно чувствителната информација која преку Берзата ја сподели „Макстил“. 

Како што неодамна објави Фактор, со добивка од нецели седум милиони евра „Макстил“ ја заврши минатата година. Тоа, како што напишавме, е одлична бројка сама по себе, но е големо намалување во однос на фантастичната 2022 година, која ова акционерско друштво ја заврши со чист профит од 17,5 милиони евра.

Или, како што е објавено во Билансот на успех на компанијата за 2023 година, таа е завршена со добивка по оданочување од 6,55 милиони евра, што е трикратно намалување, или за дури 66 проценти

А, на оваа компанија лани воопшто не и одеше лошо, колку што немаше среќа со солидарниот данок, кој според математиките на државата ја чинеше цели четири милиони евра. Секако, удел во намалениот финансиски резултат имаше и намалената цена за производот на ова акционерско друштво.

Доказ дека „Макстил“ има здрав бизнис се оперативните приходи кои се наплатени минатата година, а кои изнесувале 137,2 милиони евра. Тоа се огромни средства, иако има намалување за 25 проценти во однос на една година претходно, односно 2022 година.

Најголем дел од оперативните приходи се приходи од продажбата, кои тежеле околу 135 милиони евра, при што треба да се има предвид дека опгромниот дел, однпосно дури 120,5 милиони евра се приходи од извоз, односно од продажба во странство. Иако, и тоа е намалување за 26 проценти во однос на истиот период лани. Од продажбите на домашниот пазар, пак, се слеале приходи од 14 милиони евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy