
Голема акција на финансиската полиција – претреси во Липково, Куманово и Желино
Голема акција на Управата за финансиска полиција утрово се спроведува на повеќе локации во општините Липково, Куманово и Желино. Според информациите, претресите се поврзани со истрага за организирана криминална група осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари.
Акцијата е резултат на подолготрајна истрага, а првичните сознанија укажуваат дека станува збор за компании кои работат со трговија на нафтени деривати. Според неофицијални информации, штетата од незаконските активности се проценува на повеќе од 7 милиони евра.
Очекувањата се дека јавноста ќе биде информирана со повеќе детали по завршувањето на акцијата во текот на денот.