
Голем удар за Работнички – заврши сезоната за Стојановски!
Стојановски се повреди на стартот на натпреварот додека трчаше по една топка, а по медицинските прегледи беше утврдено дека станува збор за тешка повреда.
Македонскиот напаѓач скинал тетива и затоа ќе мора да оди на операција, а тоа значи дека за него е завршена сезоната.
Стојановски оваа сезона постигна два гола и две асистенции на 18 настапи за Работнички, кој го чека тешка битка за опстанок во Првата лига.
