
Голем протест во Скопје – Трендафилов најави: Ќе поднесеме Закон за намалување на функционерските плати
Голем протест попладнево има во Скопје.
На улица излегоа работниците кои бараат зголемување на минималната плата на 600 евра.
Тие од протестот порачаа дека ќе поднесат Закон со цел намалување на функционерските плати.
„Не го заслужувате луксузот кој ви го дадоа работниците. Ако не се зголеми минималната плата, доаѓаме по вашите плати“, порача Слободан Трендафилов.
