
Голем пожар на трафостаница во Лондон, илјадници без струја!
Ноќеска голем пожар се случил на трафостаница во Хејс, дел од Лондон.
На терен имало десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари.
Помошникот командант Пат Гулбурн рече дека ова е многу голем инцидент, а пожарникари неуморно работат во тешки услови за да го стават пожарот под контрола што е можно побрзо.
„Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, ги советуваме жителите да ги држат прозорците и вратите затворени. Операторите во контролниот центар примија повеќе од 200 повици и даваат клучни упатства и ја смируваат јавноста. Ова ќе биде долготраен инцидент. Како што влегуваме во утрото, се очекува потешкотиите да се зголемат, па ги повикуваме луѓето да ја избегнуваат областа ако е можно“, додаде тој.
Добавувачот на енергија „Scottish and Southern Electricity Networks“ објави дека повеќе од 16 илјади домови немаат струја.
Компанијата ги повика сите кои зависат од електрична енергија за медицински потреби и имаат потреба од помош да се јават.
Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.
„За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23:59 часот на 21 март“, соопшти аеродромот Хитроу на X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.
Нема официјални податоци за тоа колку летови до и од Хитроу ќе бидат откажани, но службата за следење летови FlightRadar24 проценува дека може да има најмалку 1.351.
