
Голем пожар кај Прилеп!
Голем шумски пожар избувна во реонот меѓу селата Гуѓаково и Галиште. Огнот е активен веќе неколку часа, а според Google Maps се класифицира како „severe fire“ – сериозен пожар.
На терен се забележува густа димна завеса, а пожарот зафаќа голема површина на непристапен терен. Ситуацијата ја отежнува ветерот кој го разгорува огнот и ја отежнува интервенцијата.
Надлежните се на терен и се преземаат мерки за локализирање. Засега нема информации за загрозени домови, но жителите се повикуваат на внимателност.