
Голем пех за Оршиќ: Хрватот потешко го повреди коленото на тренинг на Трабзон
Трабзон е на подготовки во Словенија, а на тренингот Оршиќ се повредил после дуел со соиграчот Хакан Јесил, па првите проценски се дека станува збор за кинење на лигаментите, но допрва после лекарските прегледи ќе биде утврдено за што точно станува збор.
Mislav Orsic’in sakatlık yaşadığı an. pic.twitter.com/n26ZhtCRYk
— Puskas Sports (@PuskaSports) July 23, 2023
„Не изгледа добро, но ситуацијата со Оршиќ ќе биде јасна после магнетната резонанца која утре ќе му биде направена. Како и да е, веќе е почнат процесот на лекување“, рекол докторот на Трабзон, Ахмет Бесир.
Оршиќ летово го засили Трабзон со трансферот од Саутемптон.
