
Голем одрон по велешката патарина – внимателно возете кон Скопје!
Веднаш по велешката патарина, во правец кон Скопје, се случил голем одрон на карпи, информираат очевидци. На патот има падната голема карпа, што претставува сериозна опасност за сообраќајот.
Возачите се повикуваат на крајна претпазливост и намалена брзина на оваа делница. Засега нема информации за повредени лица или оштетени возила, но се очекува надлежните служби наскоро да излезат на терен за расчистување.
фото: архива