Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМ ДОЛЖНИЧКИ ТОВАР ОД БЛИЗУ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА – стар судски спор ќе ја „стопи“ добивката на „Раде Кончар – Апаратна техника“
Економија

ГОЛЕМ ДОЛЖНИЧКИ ТОВАР ОД БЛИЗУ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА – стар судски спор ќе ја „стопи“ добивката на „Раде Кончар – Апаратна техника“

27/03/2023

AA

Голем должнички товар од над 500 илјади евра се надвисна над компанијата „Раде Кончар Апаратна техника“.

На нивна штета паднала судска пресуда која датира дури од 2015 година, со што сега тие ќе треба да платат и за главниот долг, и за камати од тој датум. 

Овој должнички товар од близу 600 илјади евра, или 566 илјади евра и денарски долг од 1,66 милиони евра, што е всушност рамно на околу 27 илјади евра, паѓа на ДОО „Раде Кончар Заеднички дејности Скопје“, но тоа е придружен ентитет на „Раде Кончар Апаратна техника“, односно ова акционерско друштво таму има 40 отсто во форма на вложување.

Тоа практично значи дека на товар на „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе падне голем дел од овој должнички товар, што ќе се одрази и врз нејзиниот финансиски резултат за минатата година.

Компанијата за овој настан ги информира инвеститпорите преку ценовно чувствителна имнформација, бидејќи тој ќе биде многу значаен за работењето на фирмата.

„Во Друштвото со огранничена одговорност Раде Кончар-Заеднички дејности-Скопје,
кое е придружен ентитет на АД Раде Кончар-Апаратна 
техника-Скопје,
во кој Акционерското друштво има вложување од 40 отсто, 
се случи
настан предизвикан од правосилна судска пресуда Рев 1, 
од 25.01.2023 година, со која ДОО Раде Кончар-Заеднички дејности е
задолжено со главен долг во износ од 1.657.035 денари (околу 27 илјади евра – н.з.) и 
565.924 евра, како и затезна камата на овој износ сметано од 06 февруари.02.2015
година до конечна исплата на долгот“, се вели во известувањето што компанијата го испрати до Берзата. 

Со оглед на
тоа што АД Раде Кончар-Апартна техника-Скопје е во фаза на ревизија
на финансиските извештаи за 2022 година, по укажување 
од страна на
овластениот ревизор, согласно сметководствените 
стандарди по
принципот на вложување во придружни ентитети, 
ваквиот
настан кај наведениот придружен ентитет, ќе има дирекно 
влијание и
негативно ќе се одрази врз деловните резултати за 2022 
година на АД
Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје.

„Со оглед на
тоа што за наведениот настан, Акционерското друштво Раде
Кончар-Апаратна техника-Скопје, беше известено по истекот на 
рокот за
објавување на годишните неревидирани, неконсолидирани 
финансиски
извештаи за 2022 година и рокот за пријавување на 
годишната
сметка за 2022 година, а имајќи предвид дека 
Акционерското
друштво е сеуште во фаза на ревизија на финансиските 
извештаи за
деловната 2022 година, Акционерското друштво најавува 
дека ќе
изврши корекција на истите и корегирани ќе ги објави преку 
СЕИ-НЕТ со
соодветно образложение кон истите“, посочуваат од „Раде Кончар Апаратна техника“.

Инаку, според неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех за минатата година што го објави „Раде Кончар Апаратна техника“, компанијата лани остварила добивка од 490 илјади евра, што воп однос на претходната 2021 година е намалување за 24 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy