
Голем дефект предизвика поплава во Влае – можно е делови од Карпош и Скопје да останат без вода
Голем дефект на водоводната мрежа вечерва предизвика поплава во скопската населба Влае.
Жителите на Влае пријавуваат дека нивните улици се целосно под вода, а во некои згради водата навлегла и во подрумите.
Се претпоставува дека станува збор за руптура на цевка со големина f600 или f400, што може да предизвика сериозен прекин во водоснабдувањето во поширокиот дел на градот.
Доколку дефектот е поголем, можно е без вода да останат делови од општината Карпош, па дури и поширок центар на Скопје, сè додека трае санацијата.
Граѓани на социјалните мрежи јавуваат дека вода нема во Влае, Козле, Карпош 3 и 54, Злокуќани…
Жителите се повикуваат на внимателност и да избегнуваат движење во поплавените делови на Влае до завршување на интервенцијата.
