Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гол ли е кралот? Производството на струја од сонце во Македонија е на ниво на статистичка грешка
Економија

Гол ли е кралот? Производството на струја од сонце во Македонија е на ниво на статистичка грешка

26/01/2024

AA

Официјалните статистички податоци ја зацементираа тезата на енергетичарите кои тврдат дека фотоволтаиците се безвредни од аспект на електроенергетскиот систем. Корисни се само за ПР и дневна политика на државни функционери кои редовно се фотографираат на отварања на сончеви централи. Времето наскоро ќе покаже дали се тоа најпромашените масовни вложувања затоа што нивното производство е пазарно немерливо затоа што не може да задоволи ниту 3 отсто од вкупните потреби на потрошувачите на струја.

Производството на струја од сонце (фотоволтаици) во ноември годинава учествувало со само 1,2 отсто во вкупното производство на електрична енергија, покажуваат официјалните агрегатни податоци за ноември 2023 година кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Во Македонија има 220 фотоцентрали односно извори кои сонцето го претвораат во електрична енергија, покажуваат официјалните податоци на надлежното државно тело Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а податоците се достапни на следниот линк https://www.erc.org.mk/page.aspx?id=395

Сите тие 220 централи со инсталиран производствен капацитет од 45 мегавати во ноември произвеле струја која во месечниот биланс за целото домашно производство е на ниво на статистичка грешка! Што значи дека и да ја има или пак нема е тотално неважно и занемарливо.

Овој официјален податок на овластената државна институција е крунски доказ во тврдењата на домашните инженери енергетичари дека фокусот владата мора да го стави на други извори за производство на електрична енергија. Затоа што фотоволтаиците не можат никако да обезбедат енергетска независност на Македонија.

Според оценките на енергетичарите тие се подобри најмногу за политички ПР на владејачките гарнитури затоа што се лесни за монтажа и брз се ставаат во функција и макар и на краток рок односно во манирите на дневната политика креираат политички поени. Но, немаат никаква системска вредност во енергетиката иако трошат ресурси и добиваат различни бенефиции за производство.

Само за споредба колку се неконкурентни фотоволтаиците на пример со ветерните централи говорат следните податоци. Во ноември годинава (месец што беше натпросечно топол и сончев) двете ветерни централи произвеле 2,5 пати повеќе струја од сите 220 фотоцентрали ширум земјава. Двете ветерни централи во ноември во целото производство на струја учествувале со 3 отсто.

Официјалните податоци на ДЗС покажуваат дека Македонија во ноември од своите 5 термоцентрали (три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино) добила 48,6 отсто од целата произведена струја. Хидроцентралите (од кои 10 се големи на ЕСМ и на ЕВН и уште 107 мали на приватни инвеститори и јавни претпријатија) произвеле 24 отсто од целата електрична енергија. Когенеративните централи (ТЕ-ТО и железарскиот КОГЕЛ) во целата произведена енергија учествувале со 22 отсто, а двете биогасни централи произвеле 1 отсто од целата енергија во мрежата.

Повеќе детали за домашното производство на струја во ноември се достапни на следниот линк на ДЗС https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/6.1.24.03_mk.pdf

Р.Ф.

foto freepik.com/anatoliy_gleb

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy