
Годишно: Нечистиот воздух убива 1.200 деца во Европа
Загадувањето на воздухот сè уште е одговорно за повеќе од 1.200 предвремени смртни случаи годишно кај деца под 18 години во Европа и го зголемува ризикот од хронични болести подоцна во животот. Ова го соопшти Агенцијата за животна средина на ЕУ (ЕЕА).
И покрај неодамнешните подобрувања, „ нивоата на главните загадувачи на воздухот во многу европски земји остануваат тврдоглаво над нормите на Светската здравствена организација“ – особено во Централна и Источна Европа, се додава во извештајот. Подготвен е по истражување во над 30 земји, вклучувајќи ги и 27-те членки на ЕУ.
Извештајот не ги опфати главните индустриски нации Русија, Украина и Обединетото Кралство, што сугерира дека вкупниот број на загинати на континентот може да биде поголем.
Во ноември минатата година, ЕЕА објави дека во 2020 година , 238.000 луѓе предвреме починале во ЕУ, како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и Турција, поради нечист воздух.
Студијата е прва на агенцијата која конкретно се фокусира на децата.
