
ГОДИШНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВО ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 3.000 ЕВРА: И Швеѓаните бојкотираат маркети
Швеѓаните ги бојкотираат продавниците поради скапотијата, a годишните трошоци на едно семејство се зголемиле за цели 3.000 евра.
Поради постојаното зголемување на цените на основните прехранбени производи во Шведска, граѓаните одлучија да ги бојкотираат трговските синџири.
Се очекува цената на кафето наскоро да го достигне симболичниот праг од 100 круни (10 евра). Минатата недела, кога цените на храната се зголемија најмногу во последните две години, илјадници луѓе ширум Шведска одлучија да ги бојкотираат најголемите супермаркети на седум дена. На Балканот, во повеќето земји имаше бојкот на маркети.
foto freepik.com

