Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, НУЛА РЕАЛИЗИРАЊА – СТРУГА БЕЗ НОВ ЗАТВОРЕН ПАЗАР
Економија Македонија

ГОДИНИ ВЕТУВАЊА, НУЛА РЕАЛИЗИРАЊА – СТРУГА БЕЗ НОВ ЗАТВОРЕН ПАЗАР

22/10/2025

AA

Струга со години се соочува со стар, запуштен пазар, без основни услови за трговците и граѓаните. Секој пазарен ден се претвора во хаос,меѓу испуканиот бетон и недостигот од хигиена. Иако, решението за оваа состојба беше ветено уште во 2017 година, кога ДУИ во изборената програма најави изградба на нов, затворен пазар како модерно решение што ќе им обезбеди подобри услови на трговците и граѓаните, елиминирајќи ги долгогодишните проблеми со постојниот простор. Денес осум години подоцна тоа ветување сè уште не е реализирано, а градот продолжува да се соочува со истите секојдневни предизвици.

Screenshot од изборната програма 2017-2021 стр.16 (поради тоа што изборната програма не е достапна на македонски јазик ја објавуваме на албански)

Сегашниот пазар е оставен на милост и немилост на времето. Испукан бетон, мувлосани тавани, слаби хигиенски услови и недостиг на организација, тоа е секојдневната слика. Дополнително, сообраќајниот хаос за време на пазарните денови создава проблеми не само за трговците, туку и за жителите кои живеат во близина. Многу граѓани изразуваат разочарување, истакнувајќи дека ова е еден од најголемите урбани проблеми што со години останува без решение.

(Фотографии од актуелниот пазар во Струга)

Наместо да се изгради нов пазар, идејата остана само на хартија,заборавена веднаш по изборите. Ова го засили чувството кај граѓаните дека политичките ветувања се даваат само за да се добијат гласови, а не за да се подобри секојдневниот живот.
Во меѓувреме, приватниот сектор покажа дека сериозните инвестиции се можни. Во текот на 2025 година, во Струга се отвори модерен Retail park кој нуди современи услови и го претвора градот во атрактивна дестинација за купувачите. Овој силен контраст го поставува прашањето: зошто приватните инвеститори можат да реализираат нови проекти, додека јавните институции ги запоставуваат дури и најосновните потреби на граѓаните?
Граѓаните на Струга чекаа предолго. Ветувањето за нов пазар остана неисполнето, а старите проблеми се продлабочуваат секој ден. Ако ваквиот пристап продолжи, Струга ризикува да остане град на неисполнети ветувања а не на ветениот развој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44853
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само еден, четири се под контрола

04/08/2026

На територијата на државата заклучно со 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активен е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy