
ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ ЈАКО ИНВЕСТИЦИСКА ЗА „МАКСТИЛ“ – компанијата најави вложување на шест и пол милиони евра
„Макстил“ годинава влегува во голема инвестициска офанзива, во која ќе вложат близу шест и пол милиони евра.
За тоа компанијата деновиве ја извести Берзата преку објава на ценовно чувствителна информација.
Оваа вредност надминува 10 отсто од капиталот на друштвото, и од тие причини мора да биоде споделена со инвеститорската заедница.
„На 10 март Одборот на директиори донесе Одлука со која е одобрен план за набавка на основни средства и нови инвестиуциски проекти, чија реализација ќе почне во 2025 година, со планиран вкупен буџет од 6.430.324 евра. Финалната вредност на набавените основни средства и инвестициските проекти ќе бидат презентирани во ревидираните финансиски извештаи на друштвото, што ќе бидат реализирани во следните известувачки периоди“, се вели во објавата од компанијата.
Инаку, овие нови инвестиции надминуваат 10 отсто од капиталот на друштвото, а како што велат од „Макстил“, имаат за цел унапредување на ефикасноста на производствените процеси во компанијата, обезбедување на безбедна работна средина и заштита на здравјето на вработените, подобрување на условите на работа и подобрување на квалитетот на производите.
„Почнувањето со реализација на секој од планираните проекти ќе биде предмет на дополнително одобнрување од страна на Одборот на директори“, се вели во објавата на ова акционерско друштво на Берзата.
Н.Н.Ф.
