
ГОДИНАВА ДОБРО МУ ТРГНА НА ЕВРОТО: Вредноста се зголеми за 13 отсто
Еврото зајакна за 13 проценти од почетокот на годината, стимулирано од фискалните промени во еврозоната, политичката нестабилност во САД и промените на пазарот.
Заедничката европска валута денеска достигна ниво над 1,17 долари, за прв пат од септември 2021 година. Ова значи дека еврото зајакнало за дури 13 проценти оваа година. Овој раст го доближува еврото до психолошки важниот праг од 1,20 долари, објавува Еуроњуз во делот за бизнис (Euronews Business), како што објави Investor.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп положи заклетва за претседател на САД на 20 јануари 2025 година, еврото зајакнало за приближно 15 проценти во однос на доларот.
Американските проблеми ја уништуваат довербата во доларот. Американската економија покажува знаци на забавување. БДП во првиот квартал забележа намалување, делумно поради забрзаниот увоз пред новите царини што стапија на сила во април.
foto nvphoto/ Shutterstock
/faktor.mk