Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОДИНАТА КРИЗНА, ДОБИВКАТА „ТОП“ – како „Макстил“ направи профит од 17,5 милиони евра, еве го рецептот
Економија

ГОДИНАТА КРИЗНА, ДОБИВКАТА „ТОП“ – како „Макстил“ направи профит од 17,5 милиони евра, еве го рецептот

08/03/2023

AA

Челичниот гигант „Макстил“
минатата година ја завршил со профит од 17,5 милиони евра, стои во Билансот на
успех на компанијата кој таа го објави на Македонската берза. Тоа е пораст за цели
27 проценти во однос на претходната 2021 година.

Од
компанијата преку берзата излегоа со подетално образложение за финансиските
резултати остварени лани. Оттаму велат дека главна карактеристика на пазарот на
челик била нестабилноста, главно предизвикана од глобалната економска
несигурност, стравувањата од рецесија, инфлацијата  и порастот на цените на енергенсите, кои
извршија притисок врз цените и побарувачката на челикот.

„Според предвидувањата, глобалната економска несигурност која почна
во 2022 ќе влијае на успорување на економскиот раст во 2023 година, пред сѐ
поради поради руско-украинскиот конфликт и зголемената инфлација, што според
прогнозите, негативно ќе влијае на побарувачката на челик во текот на оваа
година. Сепак, инфраструктурните проекти кои произлегуваат од владините
инвестиции се очекува да бидат добредојдена компензација и тие од своја страна
да помогнат да се зголеми побарувачката“, се вели во образложението кое го
испратија од „Макстил“.

Како
што велат од ова акционерско друштво, под влијание на глобалните трендови
„Макстил“ успешно ја завршил тешката и неизвесна 2022 година, благодарение на
одличното ползување на својата пазарна позиција како во регионот, така и на
пазарите во Турција и Европската унија.

Оствареното производство на
дебели лимови во Валавница лани се зголемил за 11 отсто во однос на 2021
година, додека порастот во однос на планот е за 10 проценти. Кај сопствениот челичен
полуфабрикат, пак, односно челичански слабови има намалување од 21 отсто во
однос на претходната година, а во однос на планираното производство за годината
има намалување за 16 проценти. Реализацијата  на топловаланите дебели
лимови се зголемила за пет отсто.

Билансот на успех говори за
значаен пораст на приходите на компанијата, тие се повисоки за над 50 проценти.
Од „Макстил“ информираат дека лани биле остварени приходи од работење од 11,25
милијарди денари, што е рамно на 183 милиони евра.  

„Во текот
на целата година остварени се приходи од работење во износ од 11,25 милијарди
денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на
вкупните приходи учествуваат со дури 98,6 отсто. Споредено со истиот период од 2021
остварените приходи од работењето се повисоки за 54,6 отсто“, велат од
компанијата.

Зголемени се и расходите, за
63 отсто. Тие изнесувале 157 милиони евра, и „Макстил“ убаво објаснува на што
се должи тоа.

„Тоа
главно се должи на зголемениот обем на производство на готовиот производ во
текот на овој период, како и зголемувањето на трошоците на влезните материјали
и енергенси, а
особено на природниот гас и електричната енергија. Овие зголемувања на цените
на енергенсите предизвикаа зголемување на цените на сите други влезни
материјали, како што се другите технички гасови, техничките води и феролегурите“,
објаснуваат од ова АД.

Оттаму потенцираат и дека во
овој период компанијата нема извршена исплата на дивиденди по акција заради
пренесени загуби од претходниот период.

Но затоа во „Макстил“ не
штеделе на инвестирање. Велат дека вкупниот вложен износ за инвестиции за 2022
изнесувал 161,5 милиони денари, или 2,6 милиони евра.

„Во текот на годината реализирани се нови инвестиции како во
погонот Челичарница, каде се изврши модернизација на опремата за регулација на
излезниот дел од контиливните машини, се направи замена на кранските кабини за
операторите, се подобри безбедното движење по крановите и кранските стази, така
и во погонот Валавница каде се постави нова станица за компримиран воздух, беше
извршена замена на две секции на транспортни валци и редовните активности околу
капитално одржување на опремата“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека
има големи унапредувања и кај ИСО стандардите, а лани за прв пат се вовел и
Системот за безбедност и здравје при работа – ИСО 45001.

Во наредниот период, како
што велат, најголем предизвик останува справувањето со енергетската криза,
зголемената инфлација, како и тешкотиите со транспортот и логистиката.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy