Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гоце Спасов со „Млин Аргулица“ ги полни државните резерви, а сега го проширува бизнисот
Економија

Гоце Спасов со „Млин Аргулица“ ги полни државните резерви, а сега го проширува бизнисот

07/12/2023

AA

Скопскиот бизнисмен Гоце Спасов како сопственик на „Млин Аргулица“ во последните две години е најголемиот снабдувач со жито на Агенцијата за стокови резерви. Со почетокот на војната во Украина, државата презеде специјални мерки, а една од нив беше засилено полнење на силосите со пченица и други житни култури. Меѓу компаниите кои ги добија најголемите договори, преовладува името на таа на Спасов.

Во последните 15-16 месеци Агенцијата за стокови резерви склучи неколку договори со компанијата од Карбинци за набавка на пченица и јачмен во вредност од над 500 милиони денари.

– Ние сме три фирми што останавме поконкурентни во Македонија од таа дејност што можеме да ги задоволиме потребите, затоа што треба да се задоволат одредени услови, а ние имаме транспорт и добро сме позиционирани. При тоа треба да приложуваме банкарска гаранција, а постигнатата цена во договорите не смееме да ја зголемуваме. Еднаш се случи да ја носам за 16 денари пченицата, а доколку ја немав таа обврска, на берзата можев да ја продадам за 20 денари по килограм. Ние работиме во околината на Штип и светиниколско, а таму успева јачменот и можеби затоа станавме поконкурентни во однос на другите. Згора на тоа, можам да кажам дека за лани и немав некоја голема добивка, вели Спасов.

Скопскиот бизнисмен тргува со жито главно од Србија и Македонија, но тврди дека оваа дејност бара многу познавање, затоа што има многу пазарни ризици.

– Некогаш залихите се нереални и пазарот станува буквално мртов. Треба да се чека нов момент. Благодарение на силосите кои ги поседуваме, го одржуваме она што го имаме и чекаме да се размрда пазарот со првите снегови. Мора да се следи берзата постојано и може да се влезе во голем ризик ако не ја предвидите добро ситуацијата кога да делувате, тврди сопственикот на „Млин Аргулица“.

Спасов вели дека неговата фирма е основана во 2005, а тој дека работи со трговија и производство на земјоделски производи од својата 21-година. Лани се крена голема врева од одредени кругови дека Македонија за своите потреби ги полни складиштата со српска, наместо со македонска пченица.

– Ние имаме домашен дел што исполнува стандарди, но не може се со тоа да се покрие. Затоа, другото е трговија со соседството каде што бараме конкурентни цени, додава Спасов.

Сепак, во последните неколку месеци Спасов прави неколку нови бизнис потфати. Прво го презема Кит-Го Аграр од штипскиот бизнисмен Кирил Гогов.

– Поточно, станува збор за купување на складиште, бидејќи господинот Гогов најверојатно повеќе нема интерес да работи во таа дејност, вели тој.

Од минатиот месец Спасов е основач на две нови фирми – Жито Инвест Штип и Гемакорп Штип.

– Првата е за откуп на пченица и други житни култури од комитенти и задруги, со што ќе се обидеме да направиме извоз надвор од Македонија. Втората е градежна фирма со која сакаме да направиме реконструкција на силос во Крупиште со капацитет од 6.000 тони и да аплицираме за грант од ИПАРД програмата, додава Спасов.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy