
ГО УБИЛ СО КОЛ: Уапсен 14-годишник за убиството на Македонецот во Сончев Брег
14-годишен младинец е приведен за убиство на Македонец во одморалиштето Сончев Брег, соопшти полицијата во Бургас.
Телото на жртвата било пронајдено вчера во шумска површина до ресторанот Бачвата во одморалиштето. Утврдено е дека е на 49-годишен македонски државјанин кој на 24 јануари преку граничниот премин Гуешево влегол во Бугарија.
Полицијата при истрагата за делото утврдила дека го извршило 14-годишно момче од Несебар. 49-годишниот маж бил претепан до смрт со кол.

