Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го рушат митот: Сè повеќе жени се обучуваат за пожарникарки
Македонија

Го рушат митот: Сè повеќе жени се обучуваат за пожарникарки

07/12/2025

AA

Во Македонија сè повеќе се отвора просторот жените да станат пожарникарки, по примерот на поразвиените земји. Десетина жени од Источна Македонија веќе започнаа обуки за приклучување кон доброволните противпожарни друштва, како дел од програмата „И ти можеш да бидеш хероина“.

Тие поминуваат теоретски и практични тренинзи за реагирање при пожари и користење на основна опрема. Меѓу нив е и Танкица Стојанова од Струмица, која вели дека овие обуки се важни за рушење на предрасудите дека пожарникарството е „машка професија“.

Меѓународна поддршка пристигна од британската Операција „Флоријан“ и пожарникарката Ема Синглер од Манчестер, која истакна дека волјата и храброста не зависат од полот и дека бариерите треба постепено да се отстрануваат.

Организацијата на жени од Свети Николе, заедно со националната мрежа на доброволни друштва, ги спроведува обуките. Од ДПД Струмица велат дека жените се подеднакво способни за теренска работа и дека секој обучен волонтер ја зајакнува безбедноста на заедницата.

Иако интересот расте, во професионалните служби засега работи само една жена пожарникарка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy