Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го родила на 14 години, па плашејќи се го завела со книшка на тетка му – ДНК-анализата ги откри родителите на починатиот Мемет Камбер
Македонија

Го родила на 14 години, па плашејќи се го завела со книшка на тетка му – ДНК-анализата ги откри родителите на починатиот Мемет Камбер

13/06/2023

AA

Завршена е ДНК анализата на деветнаесетгодишниот Мемет Кембер, кој неодамна почина, кој не беше заведен во системот, јавува телевизија Телма.

Поминаа три недели од смртта на ова момче. Тој имал извод, имал државјанство, но не и лична карта. Мајката на Мемет чиешто име е наведено во изводот, всушност не е неговата вистинска мајка, туку е негова тетка.

„Биолошката мајка го има родено ова дете на 14 годишна возраст, и ова не е единствен случај, плашејќи се од тоа дали смее или не смее дa го заведе своето дете во документацијата, ја зема книшката од својата золва, и така и е заведено детето. Меѓутоа, во моментот тоа не претставува проблем. Во моментот е проблем на кого да се даде детето, на кого да се предаде телото на детето“, изјавил за Телма, Мухамед Точи, државен секретар во Министерството за правда..

Во моментот, две постапки се извесни. Едната постапка е Јавното обвинителство да даде налог и да може детето да се предаде на биолошките родители. Тие се тука, присутни се и институциите имаат контакти со нив. Мемет Камбер живеел заедно со нив.

Надлежните сега од нив ќе ги побараат и одговорите за прикривање на идентитетот на Камбер. Со тоа, нему му било ускратено правото за здравствена нега и грижа, а сега и за достојно испраќање.

Ако до среда не се најде решение и Мемет Камбер не биде погребан, од невладината „Ромалитико“ најавија протест пред Собранието. Тоа е итно барање, а на маса се и други барања, како што е усвојувањето на потребните законски измени, за пристап до лична карта и други документи, токму за ваквите случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy